Бетонот како декор во ентериерите:

Во архитектонските кругови, особено во периодот после Втората Светска Војна, бетонот претставувал симбол за новиот модернизам. Денес, се почесто неговиот изглед и текстура го сретнуваме во форма на декор и во ентериерите.

 

Постојат многу различни материјали со изглед на бетон, кои што можеме да ги сретнеме како: тапети, панели, разни техники за бојадисување кои го постигнуваат таквиот ефект, се со цел подоцна да можат да се употребат како акцентирање на одредени делови во домот или други јавни објекти.

Неговата груба форма составена од нијанси на сивата боја, искомбинирана со материјали како што се дрвото и металот, создава слика на минималистички ентериер, а сепак топол и урбан амбиент.

Во комбинација со нови материјали како што е пластиката, особено во дречливи бои, се постигнува модерен изглед и свежина во просторот.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *