Врати со графички апликации:

Како надополнување на минатиот пост каде што како новитет ги разгледавме вратите  без каси, сега можеме да разгледаме и други интересни типови на врати од колекцијата на “Pivato“.

 

Покрај стандардните врати со каси, каде што квалитетната изработка на истите и материјалот особено доаѓаат до израз, кај Pivato исто така можете да сретнете и врати со интересни графички дезени. Ваквиот тип на врати, повеќе од било која друга, го надополнува и краси ѕидот на исти качин како да сте закачиле некоја уметничка графика.

На фотографиите можете да забележите дека графиките се аплицираат на различни површини, со што овозможуваат делумна или целосна транспаренција, а со тоа се отвора и можност за најразлична употреба на овие врати како на пример домови, канцеларии врати за тераси и сл.

Разгледајте ги убаво овие врати тука, а подетално можете да поразговарате со стручните лица во просториите на “Карес“, затоа што не заборавајте дека овие врати можат многу да допринесат во домот за кој секојдневно се грижите.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *