Како да го бојадисате домот ова лето:

Во еден од изминатите постови каде што зборувавме за трендовите на 2013-та на Саемот за Мебел во Милано, веќе го споменавме “ombre” стилот како новитет. Поради неговото прелевање од една во друга боја, овој стил е одличен за домот во летниот период и затоа еве неколку примери како можете да го употребите.

 

Доколку решите да го бојадисувате домот овој период, воопшто нема да погрешите ако одберете боја која ќе се прелива од потемно кон посветло. Тоа можете да го направите со суптилно, меко прелевање или пак поконтрастно како на пример во хоризонтални риги.

Друг начин на кој што можете да го постигнете овој стил е преку тепихот. Тој е одличен детал во просторот кој многу може да влијае на изгледот на вашиот дом. На него можете да имате бои кои без некој правилен редослед би се прелевале од една во друга. Како предлог разгледајте ги сите опции на квалитетни теписи во Карес.

Покрај поголемите предмети во ентериерот, тука се секогаш и малите детали. Омбре навлаки за перничиња, транспарентните завеси, вазните и сите додатни предмети за на маса се одлична прилика да се постигне ваквиот стил.

Употребувајте ги прелевањата на боите од морето. Темно сината, пурпурната, светло лилаковата, тиркизната, резедата, пасателните нијанси па се до белата. Нека биде вашиот дом со љубов, а летото со стил.

Пишува:

Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *