Креативно декорирање на дворови:

Убавото сончево време, секогаш не асоцира на прошетки во природа или седење на отворено. За оние кои што имаат свои сопствени дворови, поголеми тераси или викендички надвор од градот, сега е одличен период за тоа креативно да го аранжирате својот двор.

 

Низ светот постојат огромни градини со скулптури изработени од најразлични типови на цветови, кои што ги гради обмислува еден цел тим на дизајнери, но кога се работи за вашиот сопствен двор, можете да создадете многу интересно катче од едноставни предмети.

Можете да искористите стари чевли или чизми во чија внатрешност ќе поставите мала саксија со цвеќиња.

Можете да ги употребите и оние градинарски гумени чизми, кои ќе ги закачите на ѕид наместо обични саксии или пак вреки направени од стари фармерки. Исполнете ги со цемент или камења, а на врвт додајте зеленило и цвекиња.

Стар велосипед со корпи или столче од кое ќе го извадите перничето за седење се уште неколку типови на предмети кои што можете да ги искористите за декорирање на вашиот двор и да создадете ваше мало царство.

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *