Минималистички дизајн на врати без каси:

Кај модерните минималистички ентериери кои што се дизајнираат сега, дизајнерите особено внимание започнаа да посветуваат на дизајнот на вратите кои што се појавуваат низ просторот.

 

Вратите претставуваа еден неизбежен дел од секој ентериер. Нивната функција е да создадат релација помеѓу две одвоени простории, но многу често знаат да се најдат на места на кои што не сме очекувале и со тоа визуелно ни ја нарушуваат сликата која сме сакале да ја постигнеме.

Навикнати сме да ги гледаме оние стандардни бели врати кои што сите сме ги користеле во минатото и најверојатно за тоа време тие биле најсоодветното решение, бидејќи во најголем број сите ѕидови во ентериерот биле бојадисани во бела боја. Денес, модерниот стил налага нешто сосема друго. Употребата на текстурирани ѕидови како: со цигли, тапети, бетон или пак бојадисано во разни бои, доведува до еден нов концепт за дизајн на врати.

Италијанскиот бренд “Pivato” ни овозможи да видиме еден нов концепт за дизајн на ентериери во кои вратите ја играат главната улога. Нивниот дизајн е многу едноставен, материјалите кои што ги користат се беспрекорни, а новитетот е во тоа што ги отфрлуваат касите (рамките) во целост.

Со нијансите на бои и текстури кои што ги нуди овој бренд, можете да ги прилагодите вашите врати на ентериерот кој што го имате, а одлуката дали тие да се забележуваат или не, целосно ви е препуштена вам.

Со употребата на ваков дизајн на врати, “Pivato” ни создаде една слика во која нив можеме да ги гледаме како уметничко дело кое краси еден ѕид, а не само функционалност која е неизбежна.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares
Previous Post

Врати со графички апликации:

Next Post

Софи за Вашиот дом:

  1. Suzana
    June 4, 2013

    Prekrasno no me interesira kade mozat da se kupat vakvi vrati vo Makedonija. Ve molam da mi ispratite odgovor na ovoj mail Pozdrav

    1. sonja
      June 7, 2013

      Zdravo,
      Ovie vrati mozete da gi najdete vo salonot na “Kares”. Dokolku pojdete tamu, strucniot tim ke ve upati podetalno za site tipovi koi sto mozete da gi naracate i da vi pomogne da go odberete ona sto najmogu vas ke vi odgovara.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *