Нови трендови забележани на саемот за мебел во Милано 2013 (втор дел):

Пастелните нијанси не беа изоставени и на овој саем. Прекрасни минималистички дизајни, во нежни бои, комбинирани со потемо сива или некој друг контрастен под, презентираа амбиенти соодветни за секое урбано живеење.

Покрај еднобојните пастелни тонови кои можат да се забележат на различни парчиња од мебелот, тука се појави и една нов стил т.н. oмбре (ombre). Тоа се всушност нијанси на бои кои што меко се прелеваат од една во друга. Овој омре стил произлезе во 2011 година, од познатите личности кои на тој начин ја бојадисуваа косата, но сега го гледаме и во мебелот и текстилниот дизајн.

Впечатливи претставници на овогодинешниот саем, со ваков пастелен и омбре стил беа:  Pinwu,  Patricia Urquiola, и италијанскиот бренд  Moroso.

Кога станува збор за текстилни материјали, изборот е многу голем. Од еднобојни до флорални или геометриски, многу често знаеме да се изгубиме во се она што можеме да го најдеме.  Дизајнерката Nina Tolstrup, на овој милански саем се претстави со столчиња обложени во геометриски текстури на Marc Jacobs и навистина отскокнуваше од другите. Па затоа и свежите бои комбинирани на геометриски начин, можат да се земат како уште еден новитет кој можеме да го искористите во нашиот дом.

И за крај, она што можеби најмногу изненади како новитет во декорот, беа и вертикалните растенија и деталите изработени од пачворк или пак со текстура која наликува на него.  Висечките корпи и металните мережи, беа едни од многуте начини за претставување на вертикалното растење на растенијата и иновативниот тренд за декор на отворено, а пак деталите со текстури од пачворк создаваа разиграна слика и чувство на удобност во просторот.

Пишива: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *