Нови трендови забележани на саемот за мебел во Милано 2013 (прв дел):

Саемот за мебел во Милано, е еден од најголемите настани на кои што се презентираат најдобрите, најинтересните и најиновативните индустриски дизајни. Тоа е недела каде што дизајнерите се презентираат, посетителите купуваат, разгледуваат што ќе биде модерно оваа сезона, ги откриваат новите таленти и уживаат во изложбите кои што се распоредени на секаде низ градот.

 

Оваа година, на почетокот на април се одржа 25-то издание по ред на  овој милански саем. Се претставија стотици дизајнери и уште илјадници производи во најразлични оддели од областа на домот како: дизајни за јавна употреба, еколошки дизајни, повеќенаменски, дизајни за градината и дворот, концептуални-футуристички дизајни и сл.

Иако на овој саем имаше толку многу различни и иновативни предмети за кои што вреди да се зборува, ќе одвоиме неколку примери со кои можеме одрилика да ги заокружиме трендовите кои што се најавуваат за оваа година.

Како прв можеме да го наведеме стилот на бакарни предмети во ентериерите. Светлечките елементи, целосно или делумно изработени од бакар веќе ги имавме споменато, но дизајните на Sebastian Herkner исто така можат да ни го потврдат тоа.

Покрај бакарот како материјал, можеме да ја издвоиме и т.н. теракота – боја, која исто така е новиет за 2013. Како интересни претставници со дизајни во оваа боја, можеме да ги издвоиме:  TheNest-EdwardLinacreBillianiFlexform и Vitra.

Голем број на дизајнери, презентираа и поединечни делови од мебелот изработени од мермер. Тука може да ги издвоиме:  Covo,  Poliform и Flexform. Ова е навистина интересн новитет да се гледаат различните флуентни форми изработени од  материјалот кој што е поим за цврстина и масивност. Сега него го гледаме и во затворени простории наместо само во екстериерот.

Новите трендови секогаш множат да ни помогнат во урбаниот стил на живот. Ако нив не можеме да ги имплементираме во поголемиот дел од мебелот, тогаш деталите се секогаш тука и подложни на промена. Ова е првиот дел од трендовите кои ви ги презентиравме денес, а за останатите ќе можете да прочитате во вториот дел.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *