Нов тренд – триножни подни лампи:

Ако не сте забележале до сега, триножните подни лампи се голем тренд оваа сезона во ентериерното уредување. Линеарноста, минимализмот, а истовремено и оној старински стил, взаемно делуваат и ја создаваат оваа лампа која е лесно прилагодлива за секој тип на ентериер.

 

Доколку разгледате по магазините или на интернет страниците, овој тип на лампа ќе ја најдете во многу различни облици и материјали. Најчесто материалот од кој што е изработено постољето може да го најдете во мтал или пак дрво, а пак абажурот во цилиндрчна или конусоидна форма.

Како што можете да забележите од фотографиите овие лампи одговараат на многу различни стилови на ентериери на домови па се до канцеларии или студија.

Едноставниот дизајн на оваа подна лампа, не бара ниту пак некое специфично место за сместување. Неа можете да ја вметнете во дневниот простор веднаш до софата, телевизорот, спалната соба, за детската соба одберете некоја силна боја, па дури можете да ја поставите и во претсобјето доколку имате поголем таков простор.

Како мала пролетна промена, можете да ги одберете овие цветни лампи во “Карес“. Тоа би бил совршениот избор за да бидете во тек со најновите трендови и да внесете топлина во вашиот дом.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *