Пастелни нијанси – нов тренд во ентериерите:

Иако овие бои се класифицираат како по женствени, нежни, суптилни и меки, на овој нов тренд не останаа рамнодушни дури и најпознатите дизајнери, кои константно вадат нови предмети во вакви нијанси и непрекинато креираат нови комбинации на ентериери.

 

Минималистички форми со дизајнерски парчиња, а одредени делови бојадисани во најразлични светли т.н. сладолед нијанси, можеме да најдеме во бескрајно многу различни комбинации.

Еден пример за комбинирањето на различни елементи со пастелни нијанси е и оваа позната клацкалка – столица која што ја гледате на фотографијата погоре, во комнинација со лустер во златно – бакарна нијанса, за која зборувавме во еден од минатите постови.

Во пастелните амбиенти, не спаѓаат само премногу светлите бои како: жолта, розева или виолетова. Пастелен ентериер исто така може да се постигне и со светло дрво, бела боја и нијанси многу слични на неа како: беж, светло сива – т.н. песок боја, крем и сл.

Во вашиот ентериерот исто така, можете да додадете и само одредени акценти на некоја пастелна боја како на пример онаа светло зелената или народно наречена – резеда. Доколку пак вашиот ентериер изобилува со потемни нијанси на дрво, тогаш како акцент употребете некоја боја  како портокалова или окер.

Без разлика дали сте љубители на овие бои или не, морате да признаете дека овој нов тренд кој што е доста модерен периодов, дефинитивно освежува и оладува во топлите денови на летото.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *