Тапети со женски ликови кои оставиле белег низ историјата:

Доколку ви е смачено од стандарните флорални или гометриски текстури на тапети, ова се неколку примери на тапети кои ќе внесат еден поинаков декор во вашиот дом.

 

Компанијата Pixers, ја сочинуваат тим од млади, креаивни луѓе кои имаат цел светот да го направат место каде што ќе владее интересен ѕиден декор. Тие всушност ја создадоа и оваа колекција на тапети во која што можеме да видиме еден нов стил кој внесува свежина во секој ентериер.

Во оваа колекција се најдоа женските ликови кои оставиле белег низ историјата како: Фрида Кало, Коко Шанел, Одри Хепберн, Брижит Бардо, па се до Лорен Хил, Мадона, Бјорк и Ејми Вајнхаус.

Сите ги знаеме имињата на овие жени кои што биле дел од области како: музика, филм, уметност и сл. Секоја од нив поседувала некаква необичност и оригиналност во начинот на кој што се изразувала, облекувала, дејствувала… Токму поради тоа Pixers, се обидува да прикаже различни типови на стилови, текстури и бои во оваа доста уникатна колекција.

Прилично самоуверени, посветени, силни, борбени, еклектични и контраверзни, овие жени ја презентираат храбрата страна на еден карактер, а токму тоа треба и да го презентира вашиот дом кога станува збор за избор на некој нагласен декор во денешното урбано живеење.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *