Централното место во домот – ТV ѕидот:

Местото во домот во кое што се поминува најголемиот дел од времето и она кое што прво остава впечаток за сликата на целиот ентериер е секако дневниот простор.

Низ вековите во минатото, постоеле многу различни места кои што претставувале центар на еден простор околу кој се собирале луѓето и каде што ги извршувале поголемиот дел од обврските. Долго време тоа бил делот каде што бил поставен каминот, односно оганот. Тој бил главниот и најзначајниот дел за домакините и гостите.

Крајот на дваесеттиот и почетокот на овој дваесет и први век со себе носат одредени промени во однос на центарот на еден домашен ентериер. Сега нашето вниманието е целосно свртено кон ѕидот каде што е поставен телевизорот и со тоа тој станува главен центар за престој и пречек на гостите.

Поради овие нови промени, т.н. ТV ѕид ја завзема главната улога при уредувањето на просторот. Не само што овој ѕид треба да изгледа примамливо и стилски, исто така треба да се води сметка дека ѕидот кон кој константно сме свртени не треба да биде премногу оптеретен, затоа што на тој начин би ни создавал замор наместо релаксација.

За уредувањето на главните ТV ѕидови, најубаво е да се употребуваат модуларни елементи во правоаголна или коцкаста форма, кои ќе можете да ги наместите онака како што вас најмногу ќе ви одговара во сооднос со телевизорот и другите предмети. Ваквите елементи дозволуваат да си поигруваме со нив и да создаваме многу различен изглед на главниот ѕид, а исто така и се совршено место за поставување на скриено амбиентално светло кое дополнително ќе го разубави амбиентот.

Доколку се мислите каде можете да најдете ваков тип на елементи, тогаш ова е одлична прилика да појдете во салонот на Крес и да одберете квалитетни елементи кои засекогаш ќе ја запечатат убавината на вашиот дом.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *