THE FRAME на Samsung – спој на дизајн и технологија

„The Frame“ е smart телевизор, дизајниран „да се претопи во ентериерот“. Поставен на ѕид, кога не се користи неговиот екран станува уметничка слика, а комплетно се исклучува само кога во собата нема никој.

Зад дизајнот стои Fuseproject – студиото на Yves Beha.

Дизајнерот Behar кој има работено со Samsung и претходно, го рагледувал значењето на визуелното присуство на телевизорот во ентериерот и како може неговото присуство да се направи помалку очигледно и помалку црно – особено во мал простор.

Во нашите помали станови, кога телевизорот е исклучен, црниот правоаголник одзема многу од убавината и светлината на просторот.

„Наместо производ што „оживува“ само кога се користи, почнавме да размислуваме за дизајн кој би нудел нова инспирација во нашите животи. Што, ако телевизорот станува уметничка слика во времето кога не гледаме телевизија?“

The Frame може да се закачи на ѕид, а рамката може да се одбере во неколку материјали за најдобро вклопување во ентериерот.

Кога телевизорот е исклучен, екранот не се исклучува туку преоѓа во Art Mode. Во овој мод, корисникот може да избере уметничко дело или фотографија што ќе ја постави на екранот.

Корисниците можат да одберат од 100-те бесплатни уметнички дела кои доааѓаат со The Frame или преку мобилна апликација да upload-ираат и свои фотографии.

Корисниците исто така можат и да купуваат уметнички дела од Samsung online продавницата каде ќе можат да најдат дела од познати сликари како Питер Пол Рубенс, Клод Моне, Васили Кандински и многу други.. (за сега соработката е склучена со неколку уметнички галерии како што се Albertina, the Museo del Prado, Lumas and Saatchi Art)

Сензорот за светлина ја прилагодува сликата, во однос на моменталната светлина во собата, за што пореално да се прикаже уметничкото дело.

Tags:
0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *