“App”- странична масичка инспириранa од светот на мобилните апликации

“App” е странична масичка со иновативен дизајн која е специјално направена за да ги задоволи потребите на модерниот свет.

Името и обликот на оваа масичка “App” дизајнирана од Radice Orlandini, се инспирирани од светот на мобилните апликации.

 

Се состои од основа во црна или бела боја, дрвени ногарки и скриен отвор за кабли кој Ви дозволува да го наполните Вашиот мобилен телефон или да приклучите ламба.

6App е создадена за да го олесни нашиот живот бидејќи ги чува сите наши технички гаџети наполнети и при рака.

Меѓутоа тоа не е се-оваа масичка има и простор каде може да се складираат списанија и далечински управувачи (до вашата софа) или вашата омилена книга, часовник или накит (во вашата спална соба).

domus-01-orlandi-domitalia

 

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *