Arne Jacobsen – архитект кој создал безвременски дизајни на столици:

Арнe Емил Јакобсен (Arne Emil Jacobsen 1902-1971) бил дански архитект кој покрај неговата успешна кариера во архитектурата, најмногу е запаметен по неговиот дизајниран мебел. Едноставни, но доста фунционални, ергономски и моќни, “Јајце Столицта” (The Egg Chair) и “Лебед Столицата” (The Swan Chair) се неговите најуспешни дизајни кои што сеуште можеме да ги најдеме на пазарот и во секој урбан ентериер.

 

Јакобсен е роден во Копенхаген и таму ги завршил и своите студии по архитектура. Како и повеќето млади архитекти, тој на почетокот започнал со проектирање на приватни куќи. Неговиот стил се равивал по примерите на скандинавските ментори каде што едноставноста и минимализмот ја завземаат главната линија во секој дизајн.

Со секој нареден проект стилот на Јакобсен започнал да станува се’ повеќе експериментален и неговиот интерес кон продукт дизајнот се’ повеќе се зголемувал. Така во 1951 тој го направил првиот модел на Ант столицата, со кој што постигнал неверојатен успех, особено кон крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Оваа столица (долу на фотографијата) многу често можеме да ја сретнеме во модерните ентериери на денешното време.

Кон крајот на 50-те години на изминатоито век тој ја добил најголемата шанса, со која што можел да ја реализира својата идеја за комбинирањето на продукт дизајнот со архитектурата. Тој имал задача да го проектира “САС Ројал Хотелот” (SAS Royal Hotel) во Копенхаген. Под негов дизајн спаѓале, не само архитектурата и мебелот во него, туку и предметите кои што се продавале во сувернирницата и секој најмал детал кој што го поседувал овој хотел. Токму од овој негов проект поизлегле и двата негови најпознати дизајни на столици Јајце Столицата и Лебед Столицата.

Овој дизајнер и архитект станал доминантна фигура во данската архитектура и оставил силен печат во областа на дизајнот на мебел насекаде во светот. Покрај неговите најголеми безвременски дизајни на столици како Јајце столицата, Лебед, Ант и Серија 7, тој исто така постигнал голем успех и во дизајнирањето на кујнска опрема кон крајот на 60-те години.

Пишува: Викторија Ланговска

0 shares
  1. Pingback: Хотелот на Арне Јакобсен во Копенхаген: | УРБАН ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *