AXO Light осветлување – во Карес!

AXO Light осветлувањето е базирано на квалитетот на материјалите и  елеганцијата на облиците, кои се во склоп со модерниот и современ  дизајн. Почнувајќи од традиционалните форми и облици, Axo Light произведуваат нови, редефинирани осветлувачки решенија, препознатливи по врвниот квалитет и дизајн. Произведенo во Италија.

Што значи “boutique hotel”?

Дали некогаш сте слушнале дека постојат еден вид на хотели кои се попрецизно наречени бутик хотели (boutique hotel)? Иако можеби некаде сте слушнале за нив, сигурно сеуште не ви е јасно што всушност претставуваат тие бидејќи иако низ цела Европа и пошироко тие земаат голем замав, кај нас сеуште не постои ни еден.

Париски ентериер уреден со стил:

Надалеку познатата париска мода, префинетост и стил, нагласено може да се познае и во уредувањето на ентериерот. Размислувањето на парижаните за тоа како треба да изгледа еден дом кој може да ве освои на прв поглед, го докажува и овој апартман кој што го гледате на фотографиите.

Бојата за ентериер која ќе ја одбележи 2015 година:

Пролетта и периодот по Велигденските празници, се совршено време кога можете да планирате и реализирате поголемо реновирање на вашиот дом. Доколку сеуште не сте се одлучиле во која насока сакате да го сторите тоа еве неколку предлог идеи за трендовите кои се предвидени оваа година.

Кујни кои предизвикуваат воздишки на восхит:

Примерот на кујните кои што ќе ги видите во продолжение се она што само италијанците можат да го создадат како дизајн, а ние сме сеуште многу чекори наназад во однос на размислувањата за формата и функцијата на истите.

Столиците како расфрлани скулптури во домот:

Водејќи се по едноставниот скандинавски пример каде што наспроти бело бојадисаните ѕидови, се нагласуваат разновидните парчиња мебел во друга боја, овој ентериер несрамежливо ги открива сите форми на столици како вистинска скулптурна декорација во домот.

Иновативно новогодишно декорирање:

  Кога станува збор за празничното уредување, внесувањето повремени промени во декорациите претставува важен елемент кој придонесува за целокупната свежина и магичниот амбиент во домот.

Како да одберете т.н. старински тепих:

Како што веќе спомнавме, комбинацијата на модерното со старото е трендот кој што освојуваше оваа година и несомнено е дека истиот ќе се задржи и следната 2015 година.

Прекривка за било кое место и во било кое време:

Текстилот има значајно место во дизајнот на ентериерот. Декорирањето со најразлични прекривки кои денес можеме да ги сретнеме во многу различни материјали, бои и текстури, е можеби еден од наједноставните начини на кои што можеме да постигнеме слика на топол, пријатен и оригинален дом.

Метална конструкција – флексибилност во комбинирањето на мебелот:

Доколку можеме на некој начин да ги класифицираме стиловите во ентериерот кои поминувале низ годините, најлесно тоа би го направиле почнувајќи од гломазните фотелји со големи потпирачи во почетокот на 20тиот век.