Што значи “boutique hotel”?

Дали некогаш сте слушнале дека постојат еден вид на хотели кои се попрецизно наречени бутик хотели (boutique hotel)? Иако можеби некаде сте слушнале за нив, сигурно сеуште не ви е јасно што всушност претставуваат тие бидејќи иако низ цела Европа и пошироко тие земаат голем замав, кај нас сеуште не постои ни еден.

Бојата за ентериер која ќе ја одбележи 2015 година:

Пролетта и периодот по Велигденските празници, се совршено време кога можете да планирате и реализирате поголемо реновирање на вашиот дом. Доколку сеуште не сте се одлучиле во која насока сакате да го сторите тоа еве неколку предлог идеи за трендовите кои се предвидени оваа година.

Канта за отпадоци со перфектен изглед:

Браќата Ричард и Антони кои стојат зад светски познатиот бренд Joseph Joseph, уште еднаш не изненадија со еден неверојатен дизајн. Веќе знаеме дека овој бренд содржи широка палета на кујнски производи, кои не само што имаат совршен изглед, туку и навистина ни ја олеснуваат работата во кујната.

Кујни кои предизвикуваат воздишки на восхит:

Примерот на кујните кои што ќе ги видите во продолжение се она што само италијанците можат да го создадат како дизајн, а ние сме сеуште многу чекори наназад во однос на размислувањата за формата и функцијата на истите.

Осветлувањето – важен елемент на ентериерот

Осветлувањето има двојна улога во ентериерот – функционална и декоративна. Тоа е составен елемент на уредувањето на просторот и од неговите ефекти значително зависи комплетното чувство во просторот.

OKTA – дизајн за 2014

Bonaldo, и оваа година е добитник на награда за дизајн, овој пат за дизајн на масата OKTA. Дизајнот на OKTA е добитник на Good Design Award 2013, во категоријата на мебел.

Arne Jacobsen – архитект кој создал безвременски дизајни на столици:

Арнe Емил Јакобсен (Arne Emil Jacobsen 1902-1971) бил дански архитект кој покрај неговата успешна кариера во архитектурата, најмногу е запаметен по неговиот дизајниран мебел. Едноставни, но доста фунционални, ергономски и моќни, “Јајце Столицта” (The Egg Chair) и “Лебед Столицата” (The Swan Chair) се неговите најуспешни дизајни кои што сеуште можеме да ги најдеме на пазарот […]

Радијатори со вистинско уметничко значење:

Соработката на еден графички дизајнер и еден машински инженјер, придонесе за создавањето на оваа интересна линија на радиатори кои би биле одличен избор за секое урбано живеење.

Мебел кој личи на оригами:

Прекршените и неправилни форми се се’ почест пример за дизајн кој можеме да го сретнеме во современите ентериери. Како најчести предмети во ваков стил можеме да ги издвоиме формите наменети за осветлување како лустери и лампи, а од мебелот, мали масички, столчиња и фотелји.

Обострана инспирација – ентериери и мода:

Модната индустрија и ентериерите одсекогаш биле инспирација едни за други. Доколку се направат паралели помеѓу она што се носело низ годините и стилот на ентериерите во кои што се живиеело, ќе забележиме дека овие две индустрии секогаш се прателе една со друга.