Готвење во микробранова-ДА или НЕ?

Многу често си го поставуваме прашањето дали готвењето во микробранова е безбедно по нашето здравје- особено оние пати кога посакуваме да направиме нешто набрзина во нашата миркобранова а помислата на можните последици од тоа не одвратува од таа идеја.

Бенефитите од користењето на миркобрановата се многубројни. Покрај тоа што ни овозможува брзо подгревање на храната (која е и најчестата употреба кај нас), микробрановата може да се користи за БРЗО подготвување на секаков вид на храна и е еколошки безбедна за животната средина.

Поради тоа, во продолжение Ви набројуваме неколку митови за микробрановите за кои се потребни само неколку брзи проверки кои ќе покажат дека тие митови се единствено базирани на недоволно истражување, гласини, теории на завера итн.

Мит бр.1: микробрановата ја менува хемиската содржина на храната на некој мистериозен, непознат начин, уништувајќи ги нејзините витамини.

  • Реалност: приготвувањето на храна во микро зачувува повеќе од витамините и нутритивните елементи во храната бидејќи времето на готвење е пократко, а и бидејќи не е потребно користењето на големо количество на вода.

Мит бр.2: микробрановата создава некои радиоактивни соединенија преку раскинување на молекулите.

  • Реалност: микробрановата нема доволно енергија за да ги раскине молекулите. Микробрановата има само електромагнетски бранови кои немаат никаква поврзаност со радиоактивност.

Додека овие митови немаат никаква позадинска поткрепа, фактите кои ги побиваат овие митови се проверени од детални испитувања и истражувања направени од страна на реномирани агенции меќу кои и департманот за храна на САД-FDA( U.S. food and drug administration).

Готвењето во микробранова насекаде низ светот е секојдневна практика, а кај нас во Македонија сеуште не.

Дали ќе пробаме да ги следиме светските трендови и да зготвиме нешто во микробранова денес ?

l_10137735_005

 

 

lekue-microwave-rice-grain-cooker-2

micro_1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *