Иновативно новогодишно декорирање:

 

4

Кога станува збор за празничното уредување, внесувањето повремени промени во декорациите претставува важен елемент кој придонесува за целокупната свежина и магичниот амбиент во домот.

Божиќните и Новогодишни празници се одлична прилика за разигрување на домашната атмосфера, а топлите тонови карактеристични за оваа сезона даваат огромен придонес за нашето расположение. Иако акцентот најчесто е ставен на црвената и зелената боја, се почесто можат да се забележат иновативни минималистички декорации во црна, бела, кафена или сива боја испреплетени со сијалички и зеленило. Многу впечатливи и иновативени ефекти можат да се постигнат со малку креативност и едноставни елементи. Еве неколку примери за тоа како на едноставен начин можете да создадете магична атмосфера во домот:

6

1

3 2

Интересни декорации можат да бидат вметнати во скалишниот простор со едноставна комбинација на борови гранчиња и лампиони ставени во стаклени тегли. Може исто така  и да се вметнат мали свеќички во внатрешноста на теглите за уште повпечатлив ефект или пак новогодишни сијалички во една боја, испреплетени низ суви гранки од листопадно дрво.

5

Вашата домашна библиотека може да биде искористена на многу иновативен начин, подароците завиткани со љубов и внимание, а пак трпезата со стил. Уживајте во моментите со најблиските и не заборавајте дека секогаш треба да уредувате со љубов.

 

Пишува:

Викторија Ланговска

 

 

 

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *