Метална конструкција – флексибилност во комбинирањето на мебелот:

Доколку можеме на некој начин да ги класифицираме стиловите во ентериерот кои поминувале низ годините, најлесно тоа би го направиле почнувајќи од гломазните фотелји со големи потпирачи во почетокот на 20тиот век.

Драстична промена во стилот можеме да забележиме кон средината на 20тиот век со прочистените геометриски форми во комбинација на дрво и тапацир, а подоцна во 70тите ги забележуваме препознатливите дречливи бои во кои е обоен голем дел од мебелот.

 

Денес веќе со појавата на современата технологија и пронаоѓањето на многу посовремени начини за изработка на мебел, многу е тешко да одредиме еден стил кој што доминира.

Експериментирањето при комбинирање на различни материјали (дрво со пластика, штоф со метал, бетон со дрво, стакло со дрво и сл.) најчесто создава производи кои претставуваат одраз на модерното и современо живеење.

5

8

 

7

 

3

Многу често можеме да забележиме како врвните производители на мебел се стремат кон пронаоѓање на се подобар начин за приближување до потребите на крајните потрошувачи.  Металната конструкција во мебелот се појавува како голем тренд поради нејзината суптилност, елеганција, а во исто време стабилност и цвртина. Така сега веќе можеме да најдеме столчиња чии што материјали можеме да ги одбираме сами и по своја желба. Овој тип на столчиња се моменентално голем тренд токму поради флексибилноста при одбирањето на бојата на металната конструкција со типот на седиштето и потпирачот на столчето. Веќе не мораме да се грижиме дали нијансата на дрво ќе ја погодиме со остатокот на мебелот бидејки боите ги бираме сами, а формата на овој тип на столчиња ја содржат целата модерна приказна во себе.

1

4

 

4

 

 

 

5

Овие нови форми со сигурност се вклопуваат во секој ентериер и простор, а вие само треба да направите место за свежина во ова денешно – модерно живеење.

 

Пишува:

 

Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *