Модерниот ентериер во работната просторија ја зголемува продуктивноста и иновативноста на Вашите вработени

Дали и Вие посакувате да работите во место кое е приближно удобно како удобноста на Вашиот дом?

Како одговор на се поголемите барања на современиот бизнис пазар, италијанската компанија специјализирана за производство на канцелариски мебел Pedrali, својата линија на производи ја дополнува со мебел посeбено дизајниран да направи атмосфера во работниот простор која потсеќа на удобноста на домот.

Компанијата постојано посветува внимание на постоечките потреби на потрошувачите и создава мебел кој создава стимулативна средина која ја поттикнува социјалната интеракција како начин на зголемување на иновативноста на вработените.

google-office-dublin-16
Внатрешниот енетериер на кампусот на Google во Даблин исполнет со мебел на Pedrali вклучува повеќе простории наменети за социјални активности помеѓу вработените

 

Од Pedrali укажуваат на тоа дека се повеќе работни простории стануваат  место за социјална интерактивност. Истакнувањето на забавата и функционалноста истовремено значи дека се повеќе модерни фирми бараат мебел кој ќе им понуди поголеми можности за креативност, него што може да понуди дрвото кои било актуелно кон крајот на 20тиот век.

141011_google_campus_dublin_04__r
Дизајнерите на внатрешен ентериер ги искористиле едни од нивните нај “разиграни” производи за да ја комплетираат простoријата на кампусот на Google во Даблин дефинирана со сопствен карактер

 

Следете ги примерите од светските компании и создадете атмосфера која им дозволува на вработените да ја развијат својата иновативност и да ја зголемат продуктивноста, преку ентериер кој овозможува поголема тимска работа, социјална интерактивност и креативно размислување!

 

 

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *