Нов тренд во светот на мебелот!

Во тренд се маси со централно поставени ногарки, со топ од мермер или пак керамика.

Ви ги претставуваме најновите трендови во уредувањето на домот, каде централна точка се трпезариските маси преку кои е изразена дизајнерската слобода, оптимизмот и растечката енергија.

 Трпезариските маси се разновидни во поглед на формата, големината и бојата како и во поглед на материјалот – дрво, мермер, керамика.

Еве неколку примери за групирање на трпезариски маси:

 

Овие маси имаат специфичен дизајн што почива на темелите на Еуклидовата геометрија со цврсти структурни елементи, чисти форми и правилни линии.

Комбинирањето може да биде помеѓу маси и столици од ист материјал, но и во различен материјал како и во различна форма или пак различна големина. Со што истите ќе се надополнуваат и ќе создадат визуелен контраст.

 

2010-BONALDO_0012

D--inetpub-Produzione-www.domitalia.it-public-explorer_prodotti-3146_ArchieL2006

 

Воедно овој специфичен дизајн овозможува поголема флексибилност за распоредување на столиците, бидејќи ногарките се повлечени кон средината.

Трпезариите се продолжен дел од дневниот престој и тематски се надоврзуваат на него. Многу популарни се масите со централна нога кои на просторот му даваат чувство на леснотија. Ногата може да биде од различни материјали, но нејзината форма по правило е необична и се истакнува.

 

tl-tavolo-rovere

Untitled4

 

Естетски најсоодветен е финишот од мермер, но и од керамика.

Во склад со трендот за уникатност, плочата на масата се почесто е  направена од мермер или пак од керамика. Овој тип на плоча како природен материјал ќе додаде елеганција во просторот, а воедно е и материјал кој е најотпорен на оштетување. Ги има во бели тонови како и потемни, кафени и црни тонови.

Untitled

 

 

 

 

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *