Новите форми на комодички кои се во мода:

Се’ повеќе сме сведоци на фактот дека еклектичните ентериери се во мода во полседните неколку години. Интересната игра при комбинирање на различни форми и стилови во мебелот овозможија целосно да се исфрлат од мода комплетите од неколку парчиња мебел наменети за една просторија. Оваа промена во уредувањето најмногу може да се забележи во спалните соби каде што комплетите од плакар, две комодички, тоалетна маса и слично беа елементи кои незамисливо беше да ги купиме одделно.

10

Комодичките кои секогаш се поставуваа од едната и од другата страна на креветот и најчесто ги наоѓавме во коцкаста или правоаголна форма, со фиока или вратичка, сега можеме да ги најдеме во најразлични форми како кружни масички или пак во ретро облици со закосени ногарки.
Покрај ваквите необични форми голема улога играат и столните лампи кои исто така го надополнуваат изгледот. Нив често можеме да ги видиме и како висечки лустери кои се спуштаат дури од плафонот.

15

13

12

Со овие примери можеме да забележиме дека комодите не само што стануваат еден украсен елемент од спалната соба, туку се и целосно независни од останатиот мебел и на тој начин го презентираат ударниот впечаток на просторијата.
17

16

14

11
Па доколку се одлучите за еден од овие стилови на комоди, како додатен детал одберете некоја убава и квалитетна постелнина или прекривка и вашата спална соба ќе изгледа баш онака како што секој би посакувал да има.

Пишува:
Викторија Ланговска

0 shares
Previous Post

Рециклирање

Next Post

Што значи “boutique hotel”?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *