Париски ентериер уреден со стил:

Надалеку познатата париска мода, префинетост и стил, нагласено може да се познае и во уредувањето на ентериерот. Размислувањето на парижаните за тоа како треба да изгледа еден дом кој може да ве освои на прв поглед, го докажува и овој апартман кој што го гледате на фотографиите.

Овој апартман се наоѓа токму во Париз, составен е од дневен простор, трпезариски простор, простор за одмор, кујна и една и спална соба. Поставеноста на мебелот на сите главни и помошни предмети кои го сочинуваат целиот амбиент е она што навистина ја дава оваа уникатност на просторот.
Гарнитурата за седење е поставена во централниот дел, целосно ослободена од ѕидовите и линијата по која се поставени тие, додека пак црвените детали како малите артистички столчиња, помошната масичка, перничиња и столната лампа се акцентите кои го прават возбудлив целиот амбиент.
3
Во трпезарискиот дел гледаме едно интересно обмислено седење околу масата за ручање. Покрај столчињата, поставена е и една клупа со перничиња за седење, а наместо централен лустер за осветлување над површината на масата, поставени се две лампи со големи абажури кои се закачени на ѕидот. Во овој дел од апартманот црвената боја која што беше акцент во дневниот простор, сега ја завзема главната улога – како основа, додека пак акцентот се постигнува со црната боја.
4
2
Останатиот дел од овој апартман продолжува со играта на боите и формите. Во делот на просторот кој е наменет за одмор и читање, наспроти пастелното сина нијанса, поставена е жолта гарнитура и мало детско столче во истата боја. На сосема неочекувано место како во делот од ходникот можете да забележите мало делче направено како работна масичка, до него подна лампа , а пак во спалната соба продолжува играта на боите и фотмите кои не’ освојуваат.
6
5

Овој апартман нека биде пример за тоа како треба да се размислува храбро и да се создава уметност од предметите кои секојдневно не’ опкружуваат.

Пишува:
Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *