Полици кои никогаш не можат да станат здодевни:

Формата на полиците повеќе не е единствениот начин на кој што може да се постигне уметнички приказ на еден простор. Италијанската компанија за мебел Santa Lucia која секогаш се стреми кон што поиновативен и софистициран дизајн, овој пат создаде линија на полици кои не би можеле да излезат од мода и никогаш не би ни здодеале.
integra.jpg2-01
Станува збор за полици во едноставна геометриска форма, коцкасти или правоаголни во кои што одредени делови се акцентирани преку нивната колоритна внатрешност или апстрактна позадина.
Овие полици можеме да ги видиме во различна палета на бои, од природни нијанси на дрво до најразновидни нијанси на бои.
integra.jpg3-01

integra.jpg7-01

integra.jpg4-01
Совршенството во дизајнот на овој бренд, се состои во начинот при комбинирање на вертикалните и хоризонтални површини, на затворените со вратички и отворените делови и на комбинацијата на материјалите. Сите овие делови споени заедно создаваат еден простран уметнички приказ на целиот ѕид на кој што би биле поставени полиците.
Онаму каде што се игра со позадината на отворената полица, која најчесто сме навикнати да ја гледаме со некоја евтина шперплоча, кај овие полици истата е искористена како главен елемент за акцентирање кој дозволува отворените делови да ги гледаме како парчиња од некоја реална слика.
integra.jpg9-01

integra.jpg6-01

integra-01
Овие полици се уште еден доказ кој ни сведочи за иновативноста и квалитетот при создавањето на врвните италијански брендови кои неслучајно се одбрани за водечки во светот и ја диктираат моменталната мода во ентериерот.

Пишува:
Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *