Рециклирање

По дефиниција, рециклирањето претставува процес на преобразба на веќе употребените производи во суровини, кои повторно можат успешно да бидат употребени за добивање производи, еднакви со оние од кои тие произлегле или за добивање на сосема нови производи.

Општеството во кое живееме се нарекува уште и “потрошувачко општество”. Сите ние, секојдневно, купуваме и користиме голем број на производи. Зад секој производ што го користиме има огромни количини потрошени природни ресурси, штетни хемикалии испуштени во водите и почвата и илјадници тони јаглерод диоксид и други стаклеклички гасови испуштени во атмосферата.

Рециклирањето е лекција од природата која треба да се научи и применува. Сè си има своја функција и сè се движи во кругот на различна примена: она што е отпад за едни – е храна за други. Лисјата кои паднале на есен во градскиот парк се храна за почвата од која на пролет ќе изникне нова трева, од која истите дрвја ќе црпат храна за новите лисја.

Истиот принцип можеме да го примениме и ние, луѓето во нашето производство и потрошувачка. За да обезбедиме одржлив развој за нашата и сите идни генерации, треба сите вклучиме во кругот.

Хартија
Сите видови хартија кои се користат во домот, на работа, или било каде, можат да се рециклираат, а во процесот на преработка се добива пулпа од која се произведува нова хартија.

Со рециклирање еден тон канцелариска хартија, се спасуваат 17 стебла дрво, се заштедуваат 4.200kW енергија и 3.200l вода, а од еден тон пластика можеме да добиеме дури 1.000l гориво.

Стакло
Сите видови на стакло, освен огноотпорно стакло, се материјал кој се рециклира при што на многу поедноставен начин (стаклото се крши на ситни парчиња и се топи) се добиваат нови производи од стакло или пак некои стаклени амбалажи можат повторно да се полнат по нивно темелно прочистување.

Пластика
Пластиката како материјал кој не се разградува во околината е дури опасен ако не се рециклира, поради канцерогените елементи во самата структура на пластиката. Со рециклирањето се добиваат ситни пластични парчиња кои потоа се користат во производство на било какви пластични производи.

Текстил
Најпознатиот материјал кој се рециклира е текстилот, воглавно поради едноставното донирање на употребувана облека или нејзино повторно продавање. Познатите черги, кои постарите ги изработуваат од стари парчиња облека, се одличен пример за рециклажа на текстилот.

рециклирање

Метал
Мeталните материјали (најчесто алуминиумски или железни амбалажи) се најполезни за рециклажа поради големата потреба од метални суровини, кои потоа се користат повторно за производство на истите производи или за било кои други метални производи.

Електронски и електричен отпад
Ова е тн. опасен отпад кој содржи доста отровни материи и супстанци и ако непрописно се фрлаат, предизвикуваат загадување на околината со испарување на отровните материи со што лошо влијаат и на здравјето на луѓето (предизвикуваат најразлични тешки заболувања и дегенерации). Тука спаѓаат компјутерите, мобилните телефони, ЦРТ мониторите и слично. Одредени делови се рециклираат, а остатокот треба прописно да се складира и да се искористи за добивање на енергија.

Tags:
0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *