Shade Volume – скулптурално светло

Дизајнерите Marc Trotereau и Merel Karhof во склоп на годинешниот London Design Festival 2017, го развија во поголем размер својот проект “Shade Volume”  и поставија бавно ротирачки „тотеми“ од светлина на повеќе локации низ градот.

Светлечкиот „тотем“ претставува редизајн на добро познатиот класичен абажур. Различни форми на абажури се наредени една врз друга, формирајќи модуларно светлечко тело, кое нуди бескрајни можности на интерпретација – во должина, боја и материјал.

“Shade Volume”  е нова колекција на осветлување за ентериерот, која е модерна интерпретација на класичниот абажур. Абажурот може да изгледа тривијално и обично во нашиот секојдневен живот, но со следење на основниот принцип на овој незабележлив објект се добива интересен начин да се редефинира концептот на светлината околу нас. “Shade Volume”  ја истражува можноста на обликување на светлината преку скулптурирање на тенка обвивка околу самиот извор на светлина.

Tags:
0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *