Што значи “boutique hotel”?

Дали некогаш сте слушнале дека постојат еден вид на хотели кои се попрецизно наречени бутик хотели (boutique hotel)? Иако можеби некаде сте слушнале за нив, сигурно сеуште не ви е јасно што всушност претставуваат тие бидејќи иако низ цела Европа и пошироко тие земаат голем замав, кај нас сеуште не постои ни еден.

Бутик хотелот ја има истата функција како и секој хотел – да сместува и услужува гости, но сепак постојат одредени карактеристики кои што треба да ги има еден ваков хотел за да биде именуван како “бутик”.
10

1
Хотелот треба да биде во мала величина. Да содржи не помалку од 10 соби, а не повеќе од 100 соби. Стилот, амбиентот и ентериерот на хотелот треба да бидат многу прецизно одредени за посетителот да може да добие впечаток на персонализиран амбиент и несекојдневно искуство. Декорациите и мебелот мораат да бидат во еден артистички стил и да презентираат еден идентитет.
11

4

6

5

2
Што се однесува до храната и пијалоците во овие хотели, таа исто така мора да биде поспецијална од онаа која што може да се најде во обичен хотел. Многу често храната ја готват познати готвачи, а пијалоците кои што се служат имаат специјален вкус и се во лимитирано производство.
12
8

7
И она што е најважна особина за овие хотели да бидат т.н. бутици е тоа што тие мораат да функционираат во една тема. Еден индивидуален хотел треба да поседува одреден идентитет и во областа која ќе ја презентира на јавноста. На пример некои се ориентирани да бидат специјализирани од областа на уметноста (уредени со антиквитети и сл.), други се еко-френдли во уредувањето, а пак многу од нив се фокусирани на служење на специјални вина.
После сите овие карактеристики прекрасно би било да се гостува во еден ваков бутик хотел нели?

Пишува:
Викторија Ланговска

0 shares

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *